Пет возрасни и двегодишно дете се повредени во сообраќајка кај тетовската патарина

by Fokus

Пет лица меѓу кои и едно двегодишно дете се повредени во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Гостивар – Тетово во близина на тетовската наплатна станица, информираа од МВР.

– Од излетувањето и удирањето во заштитната ограда со телесни повреди се здобиле возачот, трите сопатнички на возраст од 22, 27 и 48 години и едно двегодишно дете. Со друго возило тие биле пренесени во Тетовската клиничка болница и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Извршен е увид и се утврдува причината и поединостите во врска со несреќата. Првично причина за несреќата е неприлагодената брзина додека вкупната материјална штета се проценува на 150 илјади денари – изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Поврзани новости