Пет години и 10 месеци затвор за поранешен претседател на Аргентина

by fokus

Аргентински суд го осуди поранешниот претседател на таа земја Амадо Боудоу  на казна затвор од пет години и десет месеци поради корупција и малверзации.

Тој беше и министер за економија во време на администрацијата на претседателката Кристинa Фернандез од 2007 до 2015 година.

Боудоу е обвинет дека користел компании како параван и тајни посредници со цел да се стекне со контрола во фирмата, која добивала договори за печатење на аргентинската валута, како и материјал за изборната кампања на претседателката Фернандез.

Поврзани новости