Пет дена карантин и негативен тест за учесниците на Евровизија

by fokus

Сите кои ќе присуствуваат на Изборот за песна на Евровизија од странство, препорака е да одат во карантин пет дена пред нивното патување, и задолжително е да имаат негативен тест за корона вирус, не постар од 72 часа пред летот.

Во Ротердам, Холандија, каде ќе одржи изборот, сите членови на делегациите ќе мора да останат во своите хотели, освен кога ќе патуваат во арената „Ахој“ каде ќе се одржуваат пробите и манифестацијата. Покрај арената ќе има посебен објект каде сите учесници, медиумски работници и лица вклучени во програмата, редовно ќе бидат тестирани – ова се правилата според кои ќе одржи Евровизија 2021, а ги соопшти Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

Исто така, учесниците треба да направат снимка од песната во својата земја, која би се искористила доколку учесникот во последен момент е спречен да патува.
Протоколот се уште не е детално прецизиран, па нема информација дали ќе има публика и во колкав број ќе биде таа.

Наш претставник годинава е Васил Гарванлиев, кој ќе настапи со песната „Here I stand“.

Вики Клинчарова

Поврзани новости