Песната ја посветив на Македонија, вели Васил Гарванлиев кој победи на глобален фестивал со ,,Ѓердан”

by Frosina Fakova

Global Culture Initiative денеска ја објави листата со победници на фестивалот World Folk Vision 2020. Во категоријата за најдобра песна победник е нашиот овогодишен преставник на Евровизија – Васил Гарванлиев со песната „Ѓердан”.

На овој глобален фестивал учествуваа над 4.000 реномирани уметници од пет континенти, а гласањето траеше еден месец и воедно беа вклучени 44 членови на професионално жири од повеќе земји од светот.

Организаторите известија дека над 26 милиони гласачи од 150 земји одлучиле за победниците во три категории: инструменти, глас и танц кои оваа година поради новонастанатата ситуација со Ковид-19 се одвиваше на нивната платформа онлајн.

 

-Се уште не ми верно, чест ми е што ја претставувам Македонија на ваков светски реномиран фестивал, и особено сум среќен што одлучивме токму со „Ѓердан” да учествувам – песната која ја посветив на нашата татковина и која ме врати назад во моето родно место. Оваа награда ја посветувам на сите тие што веруваа во мене, на мојата земја и на сите уметници кои творат и не се откажуваат од својот сон дури и во вакво време- вели Гарванлиев.

Песната ,,Ѓердан” беше објавена во септември 2018, музиката е на Саша Драгиќ, текст на Весна Малинова со аранжман на Диран Тавитијан. Васил ќе настапи на гранд финалето кое ќе се одржи од 1-ви до 7-ми ноември оваа година во Катар.

Вики Клинчарова

Поврзани новости