Пешевски ќе ги убедува ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се помират: Дојдено е време за уставните измени

by fokus

Поранешниот вицепремиер од владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски, презентираше писмо за кое ќе бара поддршка од сите политички партии, а има за цел национално помирување.

Според него, дојдено е време за уставните измени и ВМРО-ДПМНЕ треба да се вклучи во тој прооцес.

-Разговарано е со доста луѓе, главно во ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа фаза не се насочувавме кон пратениците. Откако се случи гласањето во Парламентот и протестите пред домовите на пратениците, сметав дека на овие луѓе треба да им се даде човечка поддршка. Но, потоа писмото доби поширока димензија. За ова писмо позитивно мислење дале и поранешни министри, поранешни градоначалници и функционери. Писмото го презентирав на дел од раководстовото на партијата, рече Пешевски во гостувањето на 1ТВ.

 

 

Поврзани новости