Пешева: Македонија ќе има полза ако ја поддржи Канада за непостојан член на Советот за безбедност на ООН

by Fokus

Се надевам дека нашата земја ќе ги препознае силните заложби на Канада за интернационализам и агендата за зајакнување на меѓународната соработка во 21 век и дека ќе ја поддржи на овие избори, вели во интервју за „360 степени“ почесната конзулка на Канада во С. Македонија, Анета Пешева.

Канада смета дека глобалниот одговор на пандемијата е најефикасната одржлива долгорочна стратегија, и затоа оваа земја реши да издвои значителни средства во борбата против пандемијата низ хуманитарна помош наменета за најранливите земји, вели Пешева

Каква е позицијата на Канада во глобалната економија, демократијата и дипломатијата во моментов?

Канада е голема и важна држава. Таа има територија која е втора по големина во светот, територија на која борбата за заштита на природата се води секојдневно. Дом е на преку 200 етнички групи кои говорат повеќе од 200 јазици, земја во која 1 од 5 нејзини граѓани е роден во некоја друга држава во светот. Зошто го потенцирам ова. Затоа што Канада е колепка на мултикултурализмот и инклузијата, половата и родовата еднаквост и е насочена кон промоција на демократските вредности како важни елементи за зајакнување на правдата и еднаквоста за сите луѓе.

Канада е силна економија која се наоѓа во редот на десетината најсилни економии во светот, членка е на Г-7, Г-20, NAFTA, земја која својата економска моќ не се двоуми да ја сподели со остатокот на светот.

Канада е осмиот најголем контрибутор на програмите и агенциите на ОН, деветти најголем контрибутор кон буџетот на операциите на ООН за мир, шести најголем донатор на Фондот за мир на ООН.

Со своите 2,65 милијарди долари поддршка на земјите во борбата против климатските промени, Канада е една од земјите лидери во светот.

Со сегашните 310 000 имигранти во земјата, со тенденција таа бројка да стане 350 000 до 2021 година, што е 1% од нејзината популација, Канада е лидер во хуманиот однос кон луѓето во неволја. Ова особено се потврди со тоа што во 2018 г. Канада вдоми повеќе бегалци од различни краеви на светот од која било друга држава. Денес е дом на повеќе од 60 000 бегалци од Сирија.

Повеќе од 4 000 припадници на нејзините полициски и безбедносни сили учествуваа во повеќе од 66 мировни операции од почетокот на 1989 година.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк.

Поврзани новости