Перо Момировски нов претседател на секцијата на спортски новинари во ЗНМ

by Fokus

Секцијата на спортски новинари при Здружението на новинарите на Македонија за раководител го избра Перо Момировски.

На изборното собрание на секцијата во просториите на Клубот на новинари во Скопје, денеска присуствуваа 40-тина спортски новинари.

Од ЗНМ, информираат дека меѓу првите активности со кои ќе се бави секцијата е подобрување на условите за работа на спортските новинари, преку олеснување на нивниот пристап до спортските активности и настани, како и унапредување на соработката со спортските федерации и клубови во државата и надвор.

На состанокот, исто така, било заклучено дека во наредниот период раководителот на секцијата ќе состави тим во кој ќе учествуваат уште неколку спортски новинари, со цел поефективна координација на ова тело во иднина.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски ја поздрави иницијативата и порача дека само сложно и солидарно може да се подобри амбиентот во кој работат спортските новинари.

Од ЗНМ, информираат дека ова е втора секција во рамки на здружението, откако минатиот месец беше формирана секција на сниматели, а во иднина најавено е формирање на посебни секции на млади новинари и на истражувачки новинари.

Поврзани новости