Перо Костадинов „вртеше“ палачинки и замеси крофни во Дневниот центар: Се за љубов на децата!

by fokus

Валандовскиот градоначалник Перо Костадинов готвеше заедно со децата од Дневниот центар во општината и со нивните родители.

Во ведра атмосфера Костадинов ги покажа кулинарските способности и приготви вкусен појадок.

-Секој од нас на различен начин ја покажа сопствената креативност во кујната, испраќаме убави емоции, пораки за посилна инклузија во заедницата, отвореност за различниот од себе, многу насмевки и љубов. Живееме во свет на различности и сите сме посебни на свој начин. Различно размислуваме, сакаме и создаваме.

Истовремено, секој на секого му е потребен, баш таков каков што е. Затоа негуваме свет со многу бои. Сакаме шарен свет. Сакаме свет на различни насмевки и прегратки. Сакаме место под сонцето за сите.

Да се поддржуваме и негуваме. Да ја мултиплицираме љубовта. Да носиме радост во секоја душа- порача Костадинов.

Тој е познат во Валандово како човек кој е постојано помеѓу народот. Го опишуваат како градоначалник каков што одамна немало во општината, кој се посветува на секој проблем и секогаш наоѓа време да ги сослуша своите валандовчани.

Посебно се бори за инклузија за лицата со попреченост, и веќе имаше низа на проекти за подобрување на квалитетот на животот на овие деца.

Лани се откажа од новогодишно украсување на градот, а средствата ги пренамени за уредување на просториите на Дневниот центар.

Исто така, на денот посветен за подигање на свеста за аутизмот, тој седна во инвалидска количка и се движеше во неа низ Валандово, со цел да може да долови дел од моментите и предизвиците со кои се соочуваат лицата на кои им е неопходна инвалидската количка.

Тогаш за ,,Фокус” изјави дека имаме уште многу бариери за рушење, како физички, така и ментално, со цел да се олесни секојдневието на лицата со попреченост.

Вики Клинчарова

Поврзани новости