Перо Костадинов: По 20.000 денари еднократна помош за секое лице со попреченост во Валандово, оти секој е важен!

by Fokus

Општина Валандово на чело со градоначалникот Перо Костадинов продолжува со одговорните политики кон лицата со попреченост. Со цел да им биде пружена конкретна помош на овие ранливи категории на граѓани, Костадинов информира дека истите ќе добијат еднократна помош во висина од 20.000 денари.

-На наредната седница на Советот на Општина Валандово на дневен ред ќе биде нова еднократна субвенција, наменета за помош на лицата со попреченост од нашата заедница. Финансиската поддршка е во висина од 20.000 денари, истата е инклузивна и праведна, опфаќа повеќе групи на лица со попреченост и ја зајакнува солидарната компонента во заедницата. Во ребалансот на Буџетот се планирани околу 1.6 милиони денари за оваа намена. Си подаваме рака еден кон друг, си помагаме кога е потребно и градиме хумана и емпатична заедница, во која има место за секој човек. Тоа е идеалот во кој веруваме и од кој не се откажуваме – појаснува градоначалникот.

Ова е негов втор градоначалнички мандат, и забележителни се неговите залагања за квалитетен и достоинствен живот на лицата со попреченост. Голем поддржувач е на сите настани во организација на регионалните здруженија на лица со попреченост, со цел да се подигне јавната свест на оваа тема и да им се олесни секојдневието.

Чест посетител е во Дневниот центар во општината, и зад себе има низа на хуманитарни акции со кое обезбедила конкретна помош за неговите сограѓани со попреченост.

Поврзани новости