Перишиќ наскоро нов член на Баерн Минхен

by fokus

Играчот од средниот ред на Интер, Иван Перишиќ е близу до трансфер во Баерн Минхен. Тој веќе ги помина медицинските тестови, пренесува „Билд“.

– Ќе се обидам да дадам се од себе за да му помогнам на клубот, рече 30-годишниот Хрват.

Претходно се појавија информации дека тимот од Минхен ќе плати пет милиони евра за годишна позајмица на играчот од средниот ред. Една година подоцна, Баерн ќе го откупи трансферот на Перишиќ.

Минатата сезона хрватскиот репрезентативец настапи на 45 натпревари за Интер, постигна девет гола и забележа четири асистенции.

Неговиот сегашен договор со италијанскиот тим важи до 30 јуни 2022 година, а платата му е околу четири милиони евра годишно.

Поврзани новости