Пердју: Борисов ја претвори Бугарија во еднопартиска држава

by Фокус

Во последниве години, демократијата во Бугарија се повлекува, а премиерот Бојко Борисов практично ја претвори Бугарија во еднопартиска држава, изјави поранешниот американски амбасадор во Софија Џејмс Пердју, кој во земјава е познат како олеснувач при преговорите за склучување на Рамковниот договор

-Тие (протестите) се израз на долгогодишното разочарување на бугарскиот народ од нивото на корупција, слабото владеење на правото, силата на олигарсите и организираниот криминал во земјата – оценува Пердју.

Според него, Борисов ја претворил земјата во еднопартиска држава без сериозна политичка опозиција како вистинска алтернатива за избирачите.

-Слободата на медиумите е крајно ограничена и владеењето на правото е многу проблематично. Општеството веќе е уморно од постојаното наметнување на нечии интереси. Како резултат, луѓето излегоа на улиците да го изразат своето незадоволство од сегашната влада, но само отстранувањето на неколку луѓе од власта нема да ги реши структурните проблеми во бугарската демократија – истакна Пердју.

Поврзани новости