Пепиќ: Не сум терорист, и облеков докторски мантил на Шекеринска за да ја извлечам од Собранието

by fokus

Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање и осомничен за насилството во Собранието што се случи на 27 април, на денешната јавна седница на која се разгледуваше жалбата за притворот, истакна дека тој не е терорист и секогаш работел за интересите на Македонија.

Тој тврди дека во Собрание бил на задача и дека и помогнал на тогашната пратеничка Радмила Шекеринска да се евакуира.

„Во Собрание бев на задача за да следам лице кое беше влезено со толпата, а за што имав наредба од претпоставените, за што изготвив и извештај. Во еден момент кога настана гужва а веќе го изгубив лицето кое го следев влегов во просторијата во која беа повредените пратеници меѓу кои и Радмила Шекеринска. Јас заедно со другите колеги кои беа таму од шестата управа и помогнав на Шекеринска да се затскрие и успешно да се евакуира. Му помогнавме и на еден друг колега кој беше повреден“, рече Пепиќ, по што додаде дека се вратил во Агенцијата и изготвил извештај.

Обвинителството пак побара жалбата да биде отфрлена и Пепиќ и понатаму да остане во притвор.

Поврзани новости