Пензионерите за картички од ЈСП чекаат пред штаб на ВМРО-ДПМНЕ?

by Фокус 07:42
07:42

Пензионерите од скопската населба Ченто за вадење на нови електронски картички од ЈСП чекаат пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, реагираа граѓани до Фокус. Нејасно е зошто наместо на пунктовите на Јавното сообраќајно претпријатие, пензионерите овие картички ги вадат во штаб на владејачката партија и како ВМРО-ДПМНЕ може да има надлежност да ги издава картичките.

Граѓаните прашуваат дали ЈСП е приватна фирма на ВМРО-ДПМНЕ и дали можеби парите од картичките кои чинат по 200 денари одат за нивната изборна кампања.

- Advertisements -

Инаку, откако започна процедурата на издавање на елетронски картички на ЈСП, пензионерите организирано во групи почнаа сликањето за персонализираните картички да го вршат во простории на нивните пензионерски здруженија. Од ЈСП рекоа дека за да им излезат во престрет на пензионерите прво ќе завршат со нив, но и дека електронските картички можат да се подигнат единствено во осумтте пункта на ЈСП.

Поврзани новости