Пензионерите што ќе изгинеа за бесплатна забава, стигнаа во Демир Капија

by fokus

По турканиците и меѓусебното влечење за бесплатниот воз, кој што денес од Скопје пристигна во Демир Капија, по повод манифестацијата за празникот Свети Трифун, скопјани кои што имаа среќа да дојдат до бесплатен билет пристигнаа на својата дестинација.

Помеѓу гостите, најголем беше бројот на пензионерите, кои што освен бесплатно возење, добија и бесплатни вино и ракија, но и разни традиционални специјалитети, кои што се служат во центарот на Демир Капија. За да биде забавата целосна, за гостите е обезбедена и бесплатна музика.

Пред присутните пејат Јордан Митев, Блага Петреска, Виолета Томовска, оркестарот „Зајди, зајди“.

„Имаше мали турканици за влез во возот, но стигнавме живи и здрави. Интервенираше и полиција, имаше многу заинтересирани за гага возење! Но, што е малата турканица во споредба со целодневна бесплатна забава“- коментираа пензионерите.

Бесплатниот воз кој што имаше промотивно возење, се враќа назад во Скопје денес во 15 часот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости