Пендаровски, Заев и Џафери на прием кај г.г. Стефан

by Fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, присуствуваше на приемот, што се приредува редовно по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.

На божиќната трпеза, соопштија од Кабинетот на Џафери, присуствуваше државниот врв, односно претседателот на државата, Стево Пендаровски и претседателот на Владата, Зоран Заев.

-Приемот се одвиваше под строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19 и затоа беше без присуство на медиуми. На приемот, Џафери, како и другите поканети, заедно со упатените честитки за лично здравје на г. г. Стефан и уште долго вршење на светата мисија на поглавар на православната заедница во државава, заедно посакаа во Новата 2021 година, да има подобро здравје за сите граѓани, личен и колективен напредок, мир, благосостојба и успешно надминување на пречките кои се испречуваат на евроинтеграцискиот пат на Република Северна Македонија, стои во соопштението.

Поврзани новости