Пендаровски за Курбан Бајрам: Да ги надминеме недоразбирањата и несогласувањата

by Fokus

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски упати честита по повод денешниот празник на муслиманските верници, Курбан Бајрам.

„Најискрено посакувам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, исполнет со радост, љубов и среќа. И годинава Курбан бајрам, во согласност со традицијата, нека биде во духот на помагањето и дарувањето, споделувањето и грижата. Да бидеме отворени и солидарни кон сите на кои им се потребни помош и поддршка не само за празничните денови туку во текот на целата година. Во време кога целото човештво сè уште се соочува со пандемијата со ковид-19 и со нејзините разорни последици, потребно е да ги надминеме сите несогласувања и недоразбирања и сплотени да работиме за доброто на секој наш граѓанин. Верувам дека Исламската верска заедница и сите нејзини верници, и понатаму посветено ќе придонесуваат за заедничката борба со сите предизвици коишто стојат на патот на просперитет на Република Северна Македонија“, се вели во честитката на претседателот Пендаровски.

Поврзани новости