Пендаровски за Иванов: Работеше против својата земја

by fokus

Иванов е политичар кој во изминативе 30 години, од прогласувањето независност до сега, најмногу од сите работеше против својата земја, вели кандидатот за претседател на СДСМ, ДУИ и триесетина други партии, Стево Пендаровски.

-Во првите осум години беше апсолутно нем на крупните злоупотреби на владата на Никола Груевски. Не можете да најдете ниедна негова изјава во која критикува проект или потег на владата на Груевски, кој, пак, ја донесе Македонија на статусот на заробена држава, што е потврдено со извештајот на Европска комисија од 2016 година. Во последните две години од својот мандат доста е гласен во критика кон владата на Зоран Заев. Претходно одби да му даде мандат за составување на владата, иако Заев имаше обезбедено чисто мнозинство во парламентот. Потоа ги амнестираш најголемите криминалци од врвот на претходната власт, користеше апсолутно вето, на што, според Уставот, немаше право, за на крај да одбие да прифати уставни промени и ново име на земјата  – изјави Пендаровски за „Политика“.

Поврзани новости