Пендаровски за Гоце Делчев: И сега за да земеме бугарски пасош, се пишуваме Бугари, без разлика дали е тоа точно

by fokus 21:05
21:05

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за Сител запрашан за можноста да се постигне договор за тоа чив е Гоце Делчев рече дека тоа е неспорно. Според него, Делчев е еден од темелите на македонската државност кој се борел за автономна и самостојна Македонија.

– Еве ви еден практичен пример. Денес, јас или вие ако бараме бугарско државјанство мора да се пишеме, не само ние туку и сите наши предци дека се Бугари, дали е точно тоа или не меѓутоа за да добиете бугарско државјанство во 2019 вие мора да се пишете за Бугарин. И сега сакате да ме убедите дека во тој историски контекст, повторувам и инсистирам на тоа, во тој историски контекст 1900 – 1901 година дека Гоце Делчев можел да се пише Македонец? Такви биле околностите во тој период, рече Пендаровски во интервјуто за Сител.

- Advertising -

Пендаровски вели дека е неспорна каузата за која се борел Делчев и бара тоа двете страни да го констатираат.

– Неспорно е дека тој е еден од темелите на македонската државност. Што е спорно околу тоа?, рече Пендаровски.

Поврзани новости