Опозициското расположение расте. Во овој момент опозицијата води на сите анкети и победата се ближи, порача вчера опозицискиот кандидат за претседател на државава, Стево Пендаровски, на митингот на скопскиот плоштад Пела.
Тој побара масовна политичка и граѓанска мобилизација зашто, како што рече, само така може да се победи власта.
– На овие, најмилите работи им се фотелјите и парите. Нема да ги пуштат лесно, ама уште на 13 април ќе ја добијат пораката дека нивниот крај се ближи – порача Пендаровски.
Кандидатот за претседател објасни дека зад неговата кандидатура се нови луѓе со биографија – доблесни еснафи, без хипотеки, нешто што било сосема спротивно на другата страна каде што сме виделе стари и ислужени ликови од транзицијата.
– Во изминативе недели го промовирам концептот на две Македонии. Едниот кој го гледам вечерва, и другиот кој нѐ тормози и малтретира осум години наназад – изјави Пендаровски.