Пендаровски: Во Договорот не пишува дека со Бугарија треба да дебатираме за народот и јазикот

by Фокус

Истата политичка структура во Софија која го потпиша Договорот за добрососедство и која велеше дека тоа е добар договор, сега практично со последната серија политички барања кон нас директно излегува од параметрите на тој Договор, но одат и спротивно на базичните европски вредности и принципи, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за австриската ORF TV.

-Никаде во Договорот од 2017 нема ниту една единствена група, а не член, не пасус, не преамбула или како било дел кој зборува дека ние треба да дебатираме во рамки на тие билатерални разговори за етничкото потекло на нас Македонците. Нема ниту една единствена буква, дел, артикл, член, што било, кој вели дека ние мораме да преговараме со бугарската страна за тоа дали јазикот на кој сега јас зборувам со вас е македонски или не е – рече Пендаровски.

Според него, не може држава од позиција на земја-членка на ЕУ да наметнува услови и да кажува како треба да се чита историјата.

-Значи, едно е ако некој не го имплементира Договорот, и јас велам дека во тој дел квалификацијата би била дека во некој аспект имаме успорување на тој Договор, посебно во дело на комисијата за историчари, и се разбира тоа е и наш интерес да го динамизираме. Меѓутоа, не може да зборувате за неисполнување на одредби од Договорот ако зборувате и го оспорувате моето право на етничка и национална самоидеинтификација бидејќи такво нешто не е содржано во Договорот – истакна Пендаровски.

Тој смета дека легитимни се бугарските барања Бугарите во земјава слободно да се декларираат, меѓутоа додава дека истовремено го одрекува нашето право тоа да го бараме за граѓаните кои се чувствуваат како Македонци на бугарска територија.

Поврзани новости