522
Претседателскиот кандидат на СДСМ и владејачката коалиција Стево Пендаровски денешниот празник Велигден го одбележува во кругот на семејството со кое замина во посета на Бигорскиот манастир.
„На денот кога го празнуваме Велигден, празникот на мирот и добрата волја, повикувам на меѓусебно разбирање и слога. Сега како никогаш досега е важно сите да се обединиме и да покажеме дека сме подготвени да одиме заедно напред, заедно кон светла идинина и подобро утре. Честит Велигден!“, порача Пендаровски на својот ФБ профил.