Претседателот Стево Пендаровски во денешното обраќање откри дека власта и опозицијата неодамна се договориле дека изборите не мора да се оддржат во недела, туку може и во среда.
-Власта и опозицијата за многу малку работа се согласуваат, а пред 20-дена се согласиле дека може да се гласи и во среда. Сега е топло, граѓаните може да не бидат дома во недела, да заминат некаде. Гласањето во среда, наместо во ден недела, може да се уреди со носење на уредба на Владат, рече Пендаровски.
Тој додаде дека сите се свесни дека одзивот на гласачите ќе биде најмал до сега.
-Сите политички лидери се согласуваат дека одзивот ќе биде многу помал од претходните избори. Според некој анкети можеме да имаме опаѓање на одзивот од 20 до 25%, рече претседателот Пендаровски.
Претседателот додаде дека уште денеска ќе ги повика лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски за да се усогласат и да се договорат за датумот за изборите, по што ќе се уредат и останатите детали.
Тој истакна и дека нема да продложи нова вонредна состојба.