Пендаровски вети помилување за Бошкоски и Кежаровски

by Фокус 10:46
10:46

-За жал и тоа овластување му е одземено на претседателот. Ако таков предлог дојде од Министерството за правда, истиот ден ќе потпишам помилување за Љубе Бошкоски и Томислав Кежаровски, истакна Пендаровски, додавајќи дека станува станува збор за политички затвореници.

Пендаровски објасни дека така би реагирал за секој политички затвореник, а доколку нема да добие предлог за помилување од министерот за правда за помилување, тогаш како претседател, преку јавна изјава би го побарал истото, бидејќи нема законски можности да реагира поинаку.

На прашањето, пак, што мисли за амнестијата на хашките случаи, посочи дека, според него, процедурата требало да се води во судските институции, а не во Собранието.

- Advertising -

Пендаровски истакна дека очекува водство во првиот круг и конечна победа на 27 април. Укажа дека на овие избори ќе падне митот за непобедливост на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости