Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски утре на пладне на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе му го врачи мандатот за формирање влада.

-Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре – 13 август, мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Шефот на државата бил информиран за преговорите кои ги води Заев за формирање на парламентарно мнозинство.

-Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата“, стои во соопштението од претседателскиот кабинет.

Поврзани новости