Изборите се неопходни за да добиеме функционален парламент. Во таа насока имав комнуникации со лидерите на партиите и нашите меѓународни стратешки партнери, рече претседателот Стево Пендаровски, во своето денешно обраќање.
Тој заклучи дека за жал власта и опозицијата не успеале да се договорат за заеднички датум за избори.
-Ако не се договориме за заеднички датум, за инклузивни избори, тоа ќе предизвика влез во длабока политичка криза. Сакам да упатам јавен повик до лидерите на најголемите политички партии, до Зоран Заев и Христијан Мицкоски, да седнеме уште денеска и да најдеме решение. Доколку не се договориме, ќе ја отвориме вратата за уште поголема криза, со која ќе ги поткопаме нашите напори да излеземе на крај со оваа криза, истакна претседателот Пендаровски.
Тој додаде дека секој ден контактира со политичките лидери, особено со оние кои имаат разлики во однос на датумот.
-Имам намера веднаш по завршување на прес конференцијата да ги побарам, бидејќи немаме време за губење, истакна Пендаровски, кој појасни дека не станува збор за несогласување во месеци, туку за неколку дена.
-Едниот е за избори на 5 јули, другиот за 19 јули, рече Пендаровски.
Претседателот претходно истакна дека нема да прогласи нова вонредна состојба.