258
Чествувајќи го 22 Ноември – Денот на албанската азбука, ја потврдуваме посветеноста кон негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество, порачува претседателот Стево Пендаровски во неговата честитка
„Соживотот е плод на довербата која, пак, фаќа корен тогаш кога луѓето го почитуваат и поддржуваат идентитетот на другиот. Ваквата доверба е неопходна за поуспешно да се справуваме со нашите заеднички предизвици и да градиме праведно општество со еднакви можности за сите македонски граѓани“, пишува Пендаровски.