Пендаровски со над 4.600 гласа ја победи Силјановска

by fokus

Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ за претседател, е победник во првиот круг, со освоени 4.606 гласа повеќе од Гордана Силјановска Давкова.

Поточно, според официјални податоци на Државната изборна комисија (ДИК), од обработени 99,96% од гласовите,  Пендаровски освои 323.846 гласови, Силјановска 319.240, а додека за кандидатот Блерим Река гласале 79.915 гласачи.

На вчерашните избори гласале 41,82 отсто од граѓаните. Од вкупниот број ливчиња има32.828 неважечки што е 4,34 проценти од вкупниот број.

Наскоро се очекува ДИК да излезе со конечни податоци, односно од 100% обработеност на гласовите.

Поврзани новости