Пендаровски со комерцијален лет летна за Брисел

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска со комерцијален лет отпатува за Брисел заедно со членови на својот кабинет.

Пендаровски утре ќе го посети Брисел каде ќе има одделни средби со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и со заменик-претседателот на Европската комисија и високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.

За време на посетата Пендаровски, како што се наведува во соопштението, ќе се обрати на трибина организирана од „Пријателите на Европа“ и ќе говори на тема „Северна Македонија и нејзината потрага за евроатлантска интеграција“.

Поврзани новости