Пендаровски се сомнева дека го следат структури блиски на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека го следат структури поврзани со претходниот режим, а само можеме да се сомневаме дали се поврзани со странски структури.

-Во последните десетина дена излегоа најмалку три фотографии од непознати профили на социјалните мрежи од тоа каде се движам. Не станува збор за папараци. Тоа првпат го чувствувам на своја кожа. Во минатото сме биле и прислушувани, но физичко следење немам почувствувано на своја кожа. Недозволено е рецидиви од претходниот режим поврзани со претходната власт, сега опозициската партија, да ги следат луѓето од сегашната власт. Очекувам надлежните ова да го испитаат. Можеме да се сомневаме дали тоа се само домашни структури или се поврзани со некого од надвор со некоја друга држава, но факт е дека јадрото на луѓето се домашни државјани и не и сакаат добро на државата, рече Пендаровски.

Поврзани новости