Пендаровски се согласи со холандскиот амабсадор за Судскиот совет, но и побара кратење на „антиевропски проекти финансирани од европски пари“

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска при одговарање на новинарски прашања рече дека коректна е изјавата на холандскиот амабсадор да стопираат пари за проект за Судскиот совет поради последните случувања, но и ја повика холандската, како и други амабасади да престанат да финансираат медиумски и НВО проекти кои се антиевропски.

-Мислам дека проблемот со Судскиот совет е многу поголем отколку тие двајца кои по мој предлог ги избра Собранието. Јас тука бев предлагач. За жал целата постава на овој Судски совет прилично се избрука во очите на македонската јавност. Во таа насока мислам дека е сосема коректна изјавата на холандскиот амбасадор да повлечат проект кој имаа намера да го спроведуваат со членовите на Судскиот совет. Би сакал да видам не само од холандската амбасада туку и од неколку други амбасади во Скопје да ги повлечат своите проекти и парите кои ги даваат, не само на Судскиот совет туку и на невладини организации и медиуми кои очигледно сите овие години наназад работат со европски пари, а против Европа, рече Пендаровски.

Тој не прецизираше на кои медиумски и проекти на невладини организии мисли.

Поврзани новости