Пендаровски се пријави прв да ја прими вакцината против Ковид-19

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Сител рече дека би сакал тој прв да ја прими вакцината против Ковид-19, со цел да се крене свеста кај граѓаните.

-Јас би сакал да бидам прв што ќе ја прими вакцината кај нас. Не затоа што сакам прв да се заштитам, бидејќи кај мене се влегува со строги протоколи, туку само за да ја кренеме свеста. Бидејќи видов процент дека мал дел од граѓаните се спремни да ја примат вакцината.
Ако е тоа возможно, па и да се направи некој спот. Станува збор не само за мене, туку и за моето семејство, рече Пендаровски.

Поврзани новости