Пендаровски: Само Амди Бајрам лежеше затвор, зарем никој друг не направил некаков криминал?

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интревју на ТВ 24 вели дека не може да ја разбере Катица Јанева како можела да ја прокоцка довербата која ја имаше од целиот народ.

Пендаровски констатираше дека од сите пратенички состави досега во Македонија, само Амди Бајрам лежел затвор.

-Човекот на кој му беше дадена најголема доверба во историјата, вие тоа да го прокоцкате дружејќи се со пробисвети, криминалци… тоа не можам да го разберам. Да оставиме на судската пресуда. Имаше и поголеми риби, луѓе кои биле десет пати поголеми криминалци, но тоа не значи дека Боки и Катица, доколку го направиле тоа за што се товарат, не треба да одговараат.
Само Амди Бајрам од сите парламентарни состави на Македонија досега лежеше затвор. Зарем немало ниту еден од сите парламентарни состави и функции, кој направил некаков криминал?, вели Пендаровски.

Поврзани новости