Пендаровски: Режимот на фамилијата мислеше колку повеќе пари да прибере

by fokus

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на средба со жителите на Кратово побара поддршка на 21 април, бидејќи, како што рече, концептот за напредок носи сигурна иднина на државата, ги отвора перспективите на младите и подобрување на стандардот на граѓаните. Овој пат, рече Пендаровски, ќе победиме, бидејќи мнозинството граѓани го поддржуваат овој концепт.

-Да се биде член на Европската унија е нашата трајна стратешка цел. Поканата за членство во НАТО ни овозможува гаранција за границите, сигурност од 29 земји-членки на НАТО. Со добивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ се отвораат претпристапните фондови и средствата ќе се користат за развој на земјоделството, туризмот и за подобар стандард, перспективи за младите. Режимот на фамилијата мислеше колку повеќе пари да прибере. За жал во тоа време многу златни деца ни заминаа бидејќи немаа шанса тука. Работите се променија и земјата тргна напред, да не дозволиме повторно да се вратиме назад. Тоа ќе биде загрозување на иднината на нашите млади. Затоа, да избереме напредок. Заокружувањето на бројот 3 на овие избори е глас за развој, сигурна иднина на младите, повеќе пари кај граѓаните, рече Пендаровски.

Поврзани новости