Пендаровски: „Рекет“ е тест за правната држава, неказнивоста да стане минато

by Фокус

Аферата „Рекет“ е круцијален тест за системот на правната држава и треба да се реши темелно до крај не заради Европа, туку заради нас самите, порача претседателот Стево Пендаровски.

-Треба да им дадеме максимална поддршка на нашите институции во борбата против корупцијата, со цел културата на неказнивост да стане минато – рече Пендаровски во Собранието.

Според него, разочарувачко е тоа што од осамостојувањето на земјава до денес има многу малку пресуди за случаи за висока корупција.

– Сите знаеме дека такви злоупотреби има многу. Овој факт говори дека високиот криминал и корупција биле прикривани и сме етаблирале култура на неказнување – посочи шефот на државата.

Поврзани новости