Пендаровски: Разговорот со „Фајзер“ брзо заврши кога разбраа дека сме 2 милиони жители

by Фокус 00:05
00:05

Ковакс механизмот потфрли, затоа што е веројатно гломазен и затоа што има околу 180 земји партиципиенти, истакна претседателот Стево Пендаровски.  Тој во интервју на ТВ 21 посочи дека има три начини да се дојде до вакцини во изминатиот период, односно преку Ковакс механизмот, преку таканаречениот солидарен фонд, како и по билатерален пат. Но, како што нагласи, најтешко им е на малите држави.

– Можам да споделам со вас една коресподенција која јас и еден од надлежните министри ја имавме со една од најголемите компании, можеби најголема во моментов  – „Фајзер“, пред Нова година, кога директно се обративме во седиштето на таа компанија во Бостон. Не прашаа која е големината на потенцијалниот пазар, потенцијалните консументи, и кога кажавме дека сме се на се, по старите пописи два малиони луѓе, од тоа сме толку малолетни, толку полнолетни пута два, како оди сега во делот на таа вакцина, разговорот брзо заврши, бидејќи рекоа во овој момент имаме неверојатна навалица на огромни држави со милијарди луѓе потенцијални купувачи – рече Пендаровски.

Тој додаде дека побарале помош и по одредени дипломатски канали, посочувајќи дека не би сакал да ги набројува неговите колеги, бидејќи ќе имаат проблеми со нивната јавност.

– Јас разговарав со осум претседатели на земји-членки на ЕУ. Ние баравме, точно првата квота требаше да биде 100.000 дози, добивме 20.000, не можеме на ниту еден начин на нашето јавно мислење да му објасниме дека треба да извезуваме било каде. Тие велат прво нашите граѓани па се друго. И во ЕУ не постои земја членка која е близу Израел. Нема ни близу Србија, а камо ли Израел, и како да извезуваме. Јавното мислење беше против тоа – рече Пендаровски.

Во однос на текстовите и документите што ги објави „Ла верита“, претседателот изјави:

„Значи се што знам, знам од тоа што весникот го објавува и има мала дилема околу кредибилноста на весникот, може сум грешка меѓутоа не би одел кон тоа, значи секој медиум или социјална мрежа кога објавува нешто треба со должно внимание да го претресеме тоа прашање до детали, зошто не можеме да кажеме ти не си кредибилен и овие другите само ќе ги слушаме“.

Поврзани новости