Пендаровски: Позитивното сценарио опфаќа почеток на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија

by fokus

Позитивното сценарио за регионот опфаќа почеток на пристапните преговори за членство на Република Северна Македонија и Република Албанија во Европската Унија, забрзување на почнатите пристапни преговори на Црна Гора и на Република Србија, напредок во разговорите Белград – Приштина и зголемување на меѓународните напори во Босна и Херцеговина, рече денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на 10. форум To be secure (2BS).

Говорејќи на тема „Западниот Балкан за 10 години“, Пендаровски истакна дека за една декада земјите од Западен Балкан може да го достигнат денешното ниво на развој на централно-европските земји единствено со поголема посветеност на ЕУ и САД на регионот, преку реално, а не техничко оценување на процесите на демократизација и доколку проевропски сили се на власт.

Според шефот на државата, најдобрите резултати за демократизација и напредок на земјите од регионот се постигнати со поддршката и лидерството на евроатлантската заедница како целина.

Предизвици за регионот, оцени претседателот, и натаму остануваат владеењето на правото, човековите права, слободата на медиумите и независноста на медиумите.

-Уверен сум дека иднината на Балканот ќе биде светла единствено со отфрлање на национализмот, што предизвика страдање и уништување во минатото, истакна претседателот Пендаровски.

На сесијата во рамки на форумот, покрај претседателот Пендаровски, се обрати и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Форумот To be secure го организираше Атлантскиот совет на Црна Гора.

Поврзани новости