Пендаровски: Половина од работата во спорот за името не зависи од нас

by Фокус 12:49
12:49

Факт е дека во последниве три години Македонија никогаш не била политички постабилна со позитивни индикатори за целосно враќање во нормален колосек во 2018-та година, вели во интервју за Дојче Веле новоназначениот национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, Стево Пендаровски.

-Во првите три месеци се дефинира концептот за реформи во правосудството и во службите за безбедност, за шест месеци се поставуваат нормативните основи за модификација на системите, а во последната третина ќе бидат видливи првичните резултати. Тука морам да го додадам и спорот за името, затоа што е јасно дека станува збор за круцијален предуслов за членство, кој поради историските и емоционални наслаги е и најтежок за решавање. Илузорно е за помалку од една година да очекуваме да видиме заокружен систем на зрела демократија, но, објективно, процесот на обнова на темелно упропастените институции и не може да се одвива побрзо. Накусо, споредено со точката од која тргнавме, Македонија напролет ќе има завидно портфолио, иако во однос на спорот за името, половина од работата нема да зависи од нас – вели Пендаровски.

- Advertisements -

Поврзани новости