Пендаровски победи само во Центар, Карпош, Чучер Сандево и во Струмица

by Фокус 08:54
08:54

По изброени повеќе од 99 отсто од гласачките места Ѓорге Иванов влегува во вториот круг со 448.304 гласа пред Пендаровски кој вчера освоил 326.069, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК).

Кандидатот на опозицијата води само во четири општини и тоа во Центар, Карпош, Чучер Сандево и во Струмица, а во првиот круг кандидатот на ДПА Илиз Халими победи во седум општини со доминантно албанско население.

- Advertisements -

1
Најголем број од останатите општини ги доби Иванов, за кого гласаа над 51 отсто од излезените избирачи, додека директниот конкурент – Пендаровски освои нешто над 18 проценти.

Кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски ги заврши изборите со скор од 31.360 гласови или 3,61 отсто од излезените гласачи.

Поврзани новости