Пендаровски одговори на нападот од Обвинителство

by fokus

Претседатеот на Македонија, Стево Пендаровски преку социјалните мрежи истакна дека во ниту еден момент не го дискредитирал Обинителство, по вчерашната конференција за последните случувања со „Рекет“

„Во обраќањето на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ немам направено дискредитација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ниту пак постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек.

Потенцирам дека во своето обраќање изразив целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакнав дека ќе сторам се, за да ги заштитам од евентуални притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот „Рекет“.

Уште еднаш укажувам дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“ почитувајќи го начелото на презумпција на невиност“, истакна Пендаровски.

Поврзани новости