Пендаровски: Нема некоја голема разлика дали ќе има предвремени или редовни избори

by Фокус 11:59
11:59

Не можам да бидам убеден дека на 12 април ќе има избори бидејќи тоа не зависи од мене, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за Детектор. Тој посочува дека одлуката за предвремени парламентарни избори ја носи собранието.

-Собранието се распушта со 61 пратеник, кој ќе обезбеди и кога ќе обезбеди, кога ќе сака ќе направи распуштање на парламентот – истакнува Пендаровски.

Според него, нема некоја голема разлика дали ќе се оддржат предвремени или редовни парламентарни избори.

- Advertising -

-Може да имаат партиски калкулации двете страни кои јас не ги гледам но не можам да видам што битно ќе се промени од април до есен или до декември кога е крајниот рок – вели шефот на државата.

Поврзани новости