Пендаровски: Не смееме да дозволиме политиката да вмеша прсти во случајот „Рекет“ 

by fokus 13:38
13:38

Правна сигурност е предуслов и за банкарскиот сектори и за бизнисот, со неа е поврзан и процесот на иселување на младите, иако се направени позитивни чекори од 2016 година наваму, ние 30 години не може да се пофалиме со тоа дека имаме стандарди на ниво од западно-европските држави и скандинавските држави.

Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски денеска на средба со членки на Македонската банкарска асоцијација, на која банкарите ги покажаа постигнатите резултати, но и посочија на предизвици што претсојат пред нив.

- Advertisements -

– Факт е дека во 2015 -2016 година бевме во прилично длабока политичка криза и објективно стигнавме за кус временски период до едно ниво на стабилизација на државата до ниво да можеме да зборуваме за датум за преговори со ЕУ и за неколку месеци да зборуваме за полноправно членство во НАТО, истакна Пендаровски.

Оцени дека нам ни се потребни и ЕУ и НАТО со сите нивни трансформации. – За држави кои се во транзиција и се уште трагаат по европски стандарди во сите области, таа организација е значајна, рече Пендаровски.

-Во делот на етаблирање на правна држава не можеме да се пофалиме 30 години наназад со високи стандарди. Ниту еден политичар сега на власт или во опозиција, ни порано на власт или опозиција може да тврди дека во нашата, сега Република Северна  Македонија постои правна држава на ниво на скандинавските земји или западноевропските држави. Не спорам дека сме направиле голем исчекор во таа насока, но имаме уште многу работа и не случајно секоја следна членка во ЕУ почнува со поглавјето 23, потенцира претседателот.

Порача дека во последните афери тоа е тест за правната држава, за системот на правната држава во оваа состојба што ја имаме во моменот.

– Ние мора да одреагираме на ниво на систем, не на ниво на политичар. Еден обвинител кој постапил добро, системот не постапил добро. Ова е тест во смисла не смее да се случи никакво евентуално вмешување од страна, дали од бизнис заедницата, дали од политичката страна за да го истераме до крај и да покажеме дека и кога се вмешани високи интереси, големи пари, и луѓе кои биле на висока функција, како специјален јавен обвинител, што не е мала функција, да покажеме дека судскиот и правосудниот систем во целина може да одреагира и да заврши постапката според сите закони. Инаку во спротивно не можете да ги убедите граѓаните дека има правна држава која важи за сите, рече Пендаровски.

Поврзани новости