Пендаровски: Нашето го исполнивме и сега останува ЕУ да го одржи ветеното

by fokus

Важно е македонската јавност да знае дека ако не добиеме датум сега, во јуни или јули, ако го добиеме на есен, тоа нема да биде затоа што не сме подготвени за тоа, што го потврдуваат и во ЕУ, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за МИА.

– Нема ниедна земја членка која вели дека Македонија треба да заврши други работи, организиран криминал, корупција, реформи во медиуми, администрација, дури ни законот за СЈО не го споменуваат како услов. Сите велат сѐ направивте. Би било поради внатрешната политичка динамика на некои земји и поради распоредот на работа, истакнува Пендаровски.

Посочува на вчерашната изјава на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, дека ние нашето го исполнивме, и сега останува ЕУ да го одржи ветеното. Во прашање е, вели, легитимитетот и кредибилитетот на ЕУ.

Пендаровски смета дека нема ризици за внатрешно-политичката состојба во државата.

Поврзани новости