Пендаровски: Нападот врз новинар да се третира како напад врз службено лице

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски денеска на средба со преставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници истакна дека дава поддршка за иницијативата за измени на Кривичниот закон со кои нападите врз новинари ќе бидат третирани како кривични дела што се гонат по службена должност.

„Медиумските слободи, условите во кои работат новинарите и медиумските работници се прашања за кои е потребно постојано да дискутираме и да работиме на нивното унапредување“, порача Пендаровски.

Поврзани новости