Пендаровски најави продолжување на мандатот на СЈО и специјално судско одделение

by fokus

Носителот на кандидатската листа на СДСМ во ИЕ 1 Стево Пендаровски денеска на првиот ден од изборната кампања најави продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, но и формирање специјални судски одделенија.

-По изборната победа на 11-ти декември веднаш ќе се продолжи мандатот на СЈО, со што ќе им се овозможи доволно време за процесуирање на предметите кои произлегуваат од нелегално прислушувани телефонски разговори, изјави Пендаровски.

Според него, формирање специјални одделенија не претставува паралелен судски систем, туку во законот постои можност за формирање посебни одделенија, специјализирани за одредени предмети.

Поврзани новости