Пендаровски на Самит Македонија 2025: Не граѓаните им е доста од чекање!

by fokus

Во државата има услови, политичка волја и посветеност од сите за економски развој во кој клучни ќе бидат младите кои треба да останат тука и да ги искористат можностите за личен и за општествен развој.

Неопходно е продолжување на борбата против корупцијата, целосно владеење на правото, доследна примена на законите. Бизнисите од своја страна треба да го креваат гласот и да даваат иницијативи.

Ова беше порачано на отоврањето на осмиот Самит Македонија 2025 на кој денеска и утре шеесетина говорници ќе дебатираат на 15 одделни панели при што фокусот ќе биде на работните вештини и иновациите во борбата против загадувањето на воздухот.

Шефот на државата Стево Пендаровски порача дека за создавање модерна и просперитетна држава со млади кои ќе бидат задоволни во неа и со постојан економски развој е потребна соработка на политиката и бизнисот и градење политики според потребите на економијата.

-Без владеење на правото, доверба во институциите и нивно непристрасно и професионално функционирање нема подобрување на бизнис климата. Свесен сум дека оваа фраза ја повторуваме и дека на бизнисот и граѓаните им е доста од чекање. Но, навистина верувам дека по сите искушенија конечно е креирана позитивна атмосфера кај клучните чинители и во власта и кај опозицијата земјата да истрае во намерите и развојот на економијата да стане наш апсолутен приоритет, рече Пендаровски.

Поврзани новости