Пендаровски: На надворешен план направивме пробив, но затаивме во реформите во судството

by fokus 21:05
21:05

Претседателот Стево Пендаровски во вечершното интервју на ТВ 24 рече дека власта направила напредок во однос на надворешната политика, но дека затаила на домашен план, особено во реформи во судството.

-На надворешен палн направивме сигурен пробив, но на внатрешен план, особно за реформите во судството затаивме. И во тој амбиент мислам дека моравме малку повеќе да испорачаме. Граѓаните не очекуваат дека за 4 години ќе ја зголемите платата на 1.000 евра, но мислам дека во однос на судството моравме подобро. Чувстувам морална одговорност, бидејќи бев носител на листа. Тогаш зборувавме за ветинг, но потоа добивме препорака од ЕУ тоа да не го правиме. Но, не смеевме да дозволиме оние судии за кои е општо познато дека се само про форма судии, а всушност се бизнисмени, да продолжат, рече Пендаровски.

- Advertising -

Поврзани новости