Пендаровски на митинг во Велес, Силјановска-Давкова во Виница и Кочани

by fokus

Претседателските кандидати и денеска ја продолжуваат кампањата, односно ќе имаат средби со граѓани и митинзи.

Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски денеска својата програма ќе ја претстави пред жителите на Чашка, Лозово и Свети Николе, по што ќе одржи митинг во Велес, додека претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и колицијата Гордана Силјановска-Давкова е на митинзи во Виница и Кочани.

Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река, за денеска нема најавено активности.

Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април.

 

Поврзани новости