Пендаровски на „Браќа Манаки“: Деновите поминати во карантин нѐ потсетија колку нѝ се важни филмовите

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41-то издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

-Деновите поминати во карантин, во изолација, во нашите домови за време на полициските часови нè потсетија колку значајно место во нашите животи имаат подвижните слики. Тие беа една од основните преокупации и можност за квалитетно поминување на нашето време. Дали пред телевизиските екрани или пред компјутерите, филмовите даваа ведрина и смисла на нашето потполно изменето секојдневие, рече претседателот Пендаровски.

Оваа година на фестивалот го нема црвениот тепих и препознатливиот гламур пред Центарот за култура во Битола, ги нема филмските проекции и полната киносала и гостите од светот на филмот.

Добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело или животен опус, оваа година е полско-американскиот кинематографер Јануш Зигмунд Камински.

Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, ја доби режисерот и сценаристот Столе Попов.

 

Поврзани новости