Пендаровски: Му се јавив на висок функционер на ДУИ и му реков да престане со навредите кон Река

by fokus

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во вечерашната дебата на ТВ 21 откри дека вчера му се јавил на висок функционер на ДУИ и му рекол да престане со реториката на говор на омраза кон кандидатот Блерим Река.

-Иако можеби не морам тоа вака јавно го кажам, на тој функционер висок на ДУИ вчера му се јавив да му кажам да престане со таа реторика. И така ќе реагирам кон секој кој на таков начин сака да ми „помогне“. Добив одговор дека тоа нема да се повтори, рече Пендаровски.

Поврзани новости