Пендаровски: Македонија и Србија делат заедничка историја и иста цел за членство во ЕУ

by Фокус

Србија и Македонија се соседни земји кои немаат отворени прашања, а делат заедничка историја и имаат заедничка цел – членство во ЕУ, вели македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју за „Политика“ во пресрет на денешната официјална посета на Белград, каде ќе се сретне со српскиот колега Александар Вучиќ.

– Немаме отворени билатерални прашања, а имаме заеднички цели и грижи, да градиме општества во кои нашите граѓани ќе имаат добар квалитет на живот и во кои младите луѓе нема да се иселуваат и ќе добиваат шанса да успеат дома – вели Пендаровски.

Тој рече дека на денешната средба со Вучиќ очекува да имаат позитивни разговори за многу теми од заеднички интерес, а пред се, како што вели, за политичките, безбедносните и економските прашања.

– Иако Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО, а Србија има неутрална политика, двете земји имаат одлична одбранбена и безбедносна соработка, која очекувам да продолжи и во иднина. Како соседи, Србија и Македонија делат заеднички грижи за безбедносното опкружување и имаат многу програми за размена и обука – нагласи шефот на државата.

Поврзани новости